ФОТО: ЈСП протестира пред седиштето СДСМ

Од:

Десетина автобуси од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје денеска, како што соопштија оттаму, во знак на протест се паркираа пред седиште на СДСМ. Од ЈСП велат дека се одлучиле на овој чекор поради демолирањето на автобуси од страна на поддржувачите на СДСМ на протестите против полициската бруталност.

Речиси исто време, новинарите од провладините медиуми исто така, како што изјавија, го искажаа својот револт поради насилството врз претставници на медиумите.

Пред партиското седиште симболично беа оставени стапови и камења бидејќи, според Македонската асоцијација на новинари, токму со нив „насилните протести организирани од СДСМ удирале кон лицата на службена должност“.

ФОТО: Е Вести
ФОТО: Е Вести

Во јавноста, пак, сè повеќе се појавуваат информации за подготвување списоци во месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ, за луѓе што би учествувале на евентуални контрапротести на 17 мај, за кога опозицијата го најави својот масовен митинг. Последната информација е од Штип, од каде велат дека Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во овој град подготвува списоци со вработени од локалната администрација на луѓе кои ќе одат на контрапротест во Скопје. Како што информираат оттаму, секој директор во институциите требало да подготви таков список и да го достави до општинскиот комитет.

Би можело да ве интересира

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он

Мицкоски: Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП

Предраг Петровиќ

Албански државјанин ограбил две жени во автобус на ЈСП

Горан Наумовски

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Приватните превозници во Скопје повторно се исклучија од сообраќај

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели