ФОТО: Изложба „Скопје, 26. Јули 1963“ во Музеј на Град Скопје

Од:

По повод 50-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, што се случи на 26. јули 1963-та година, вчеравчер, во Музејот на град Скопје, беше отворена изложба која претставува завршница на неколку настани поврзани со одбележувањето на годишнината, коишто Музејот ги организираше во текот на првата половина од оваа година. Автор на изложбата е Зоја Богдановска, виш кустос историчар.

Во конципирањето на изложбата се вклучени и кустосите од одделенијата за етнологија, археологија и ликовна дејност на Музејот на град Скопје. Изложбата за отворена ја прогласи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој во рамки на отворањето на изложбата на претставниците на меѓународната заедница, присутни по овој повод во Скопје, им додели благодарници за помошта што му ја дадоа на градот во далечната 1963-та година.

izlozba26juli63 (4)

– Денеска, 26. јули 2013,  Градот Скопје и неговите жители одбележуваат 50 години од трагичниот  Скопски земјотрес. Земјотресот во Скопје, го разори Скопје , однесе многу животи и остави лузни,пустош и тага зад себе. Откако веста за оваа катастрофа го обиколи светот, меѓународната заедница, односно сите земји во светот, ја започна акцијата за  помош. Но, и по сета таа катастрофа, човечките вредности, хуманоста, солидарноста, меѓуетничкиот соживот дадоа импулс за интензивирана градителска посветеност и помош за развој и истите беа на највисоко ниво, во размери невидени дотогаш во историјата. Скопје стана град на Интернационалната солидарност. Затоа и денес, 50 години потоа, овде во Музејот на град Скопје, кој е нем споменик на тоа време, се навраќаме  и се сеќаваме на тој настан кој е врежан во историјата на нашиот град, рече градоначалникот Трајановски.

izlozba26juli63 (3)

Изложбата низ предмети и фотографии ни го пренесува земјотресот низ неколку сегменти, почнувајќи од првите мигови по катастрофата, сè до изградбата на првите монтажни населби во коишто, пред почетокот на зимата, беа сместени бездомните скопјани. Изложбата е збогатена со музејски експонати сместени во витрини и во неколку амбиенти конструирани на локации во Музејот. Во изложбата се презентираат и предмети од времето на земјотресот, подарени на Музејот од наши сограѓани.

izlozba26juli63 (1)

Благодарение на соработката остварена со Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет – Скопје, и на соработката со Кинотеката на Македонија, Црвениот Крст на град Скопје, како и Амбасадата на Шпанија,  Амбасадата на Бугарија и Генералниот конзулат на Кралството Данска, изложбата е збогатена со предмети што ја надополнуваат приказната за скопската трагедија.

Веднаш по отворањето на изложбата, поворката од присутни гости од државава и  од странство, по улицата Македонија се упати кон Плоштадот Македонија, каде што се одржа централниот мултимедијален настан, со што беше одбележана 50- годишнината од земјотресот.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак