ФОТО: Старица го загуби животот, шест повредени во пожар во Велес

Од:

Шест лица се повредени, една старица го загуби животот, две куќи се игорени и шивачка работилница во голем пожар што се случи синоќа во Велес.

pozar2

Во месноста Дворови на улица „Ѓоре Органџиев“  во Велес  ноќеска околу 12,30 часот избил голем пожар во куќата на семејствто Бошкови.

Со пожарот потоа била зафатена уште една куќа, како и шивачката работилница на Рашето, во која целосно изгорела опремата и репроматеријалите. Во едната од куќите животот во пожарот го изгубила постара жена.

pozar9

При интервенцијата еден од пожарникарите, од експлозија на боца со плин   е повреден и пренесен во  болница.

При интервенција возачот на Итната помош, кој  бил службено  таму, се лизнал на водата која  подмрзнала од ниската температура и има скршеница на ногата.

pozar10

– Шест лица биле примени во велешката  болница, од нив четворица се пуштени дома по укажаната помош, а двајца со помали изгореници се се уште во болницата, инфомира потпаролот Силвана Мишкова.

Фото: Дума.мк

 

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожарникарите се борат да спречат пожарот да навлезе во боровите шуми на Јасен

A1on