ФОТО: Изгаснат пожарот во студентскиот дом во Охрид

Од:

Нема повредени во пожарот кој утрово избувна во Студентскиот дом Никола Карев во Охрид. Освен материјална штета во помошните простории пожарот предизвикал и паника кај гостите кои во моментов престојувале во домот, а кои најголем дел се полицајци кои во Охрид се на служба летово.

„Пожарот избувна на левата страна од Домот, мислам дека тука е кујната. Се појави силен чад и оган. Веднаш беше повикана противпожарната единица од Охрид која пристигна за неколку минути по повикот. Интервенираа навремено и го совладаа огнот. Настана паника во собите, а гостите набрзина го напуштија објектот. Не знам како се случи да пламне дел од овој објект“, вели гостинка во домот.

Неофицијално причина за пожарот според едни е неисправна инсталација, а според други плинска боца.

Директорот на домот Марјан Ристески вели дека пожарот бил мал и бил брзо локализиран.

„Добро е во целата ситуација што пожарот беше многу брзо локализиран. Немаме проблеми во однос на загрозување на нечии човечки животи. Пожарот се случи во помошните простории каде се сместени пералната, пеглана и некој друг инвентар. Во моментот на пожарот во домот беа сместени околу 60 гости. Чадот се пренесе и во собите во домот и нормално е дека при една ваква случка да се создаде и паника“, вели директорот Ристески.

Сепак како што раскажуваат дел од гостите се создала вистинска паника, почнале да трчаат по ходниците и да се излегуваат надвор од домот, а чадот предизвикал најмногу страв кај гостите од првиот спрат од објектот.

Во моментот Студентскиот дом е без електрична енергија, исклучена е сета струја. Што понатаму, директорот не можеше да каже. Студентскиот дом во Охрид е изграден во педесетите години на минатиот век.

Мики Трајковски

 

Би можело да ве интересира

Десет пожари на отворено регистрирани денеска низ државава, три сè уште активни

Предраг Петровиќ

ЦУК: Активни се пожарите во Долнени и Кичево, под контрола е пожарот кај Кавадарци

Шумски пожари во Турција: 3.500 лица, 23 авиони помагаат во гаснењето

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации

2.000 туристи евакуирани во Грција: Властите ги преместуваат посетителите на безбедно место

Двајца пожарникари загинаа во голем пожар на Крит