ФОТО: Иванови со дипломатскиот кор на Водици во Дојран

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов со својата сопруга, Маја Иванова, синот Иван и членовите на дипломатскиот кор, учесници на традиционалниот дипломатски прием, денеска во Нов Дојран присуствуваа на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Најсреќен меѓу учесниците што влегоа во водите на Дојранското езеро по светиот крст беше Мите Пејков од Нов Дојран, којшто упати честитки до сите православни верници.

„По крстот се фрлам досега девет пати, а по четврт пат успевам да го фатам“, рече Пејков, додавајќи дека чувството е неописливо. Претседателот Иванов на Пејков му подари крст од Гевгелискиот регион и нему и на неговото семејство им посака здравје, благосостојба, бериќет и успеси. Пејков доби подарок икона од рускиот амбасадор, Олег Шчербак.

Претседателот Иванов на сите православни верници им го честиташе големиот христијански празник Богојавление – Водици.

„Богојавление е симбол на духовното раѓање и новиот почеток во животот на верникот. Како симбол на новиот почеток, Богојавление треба да нè потсетува да не се навраќаме на старото, туку да се стремиме кон живот исполнет со љубов, понизност, милост и солидарност. Да се престигнуваме со добрина, и да го градиме нашето мултиетничко, мултирелигиско и мултијазично општество во мир, соживот и почитување на различноста“, порача македонскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје