ФОТО: Исчистено коритото на реката Вардар

Од:

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ деновиве завршија со чистење на коритото на реката Вардар, што се реализира во согласност со Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, реката Лепенец и отворените канали на подрачјето на град Скопје.

cistenje korito na Vardar  juli 2013 (6)

Извршено е рачно чистење на нискостеблестата вегетација на косините од двете страни на минор коритото на локација од мостот кај „Холидеј Ин“, кај мостот „Мајка Тереза“ кај МАНУ, кај мостот кај Железничка станица, кај мостот „Тодор Александров“ до објектите на „Комунална хигиена“ (стационарот за кучиња) кај Вардариште од левата страна, односно до објектите на Фудбалска федерација на Македонија од десната страна.

Исчистена е должина од 5.000 метри од двете страни на коритото или вкупно 30.000 квадратни метри.

cistenje korito na Vardar  juli 2013 (7)

Машинско чистење на наноси од земја, комунален отпад и вегетација е извршено во минор коритото на реката Вардар на локација од мостот „Тодор Александров“ до објектите на „Комунална хигиена“ (стационарот за кучиња) кај Вардариште од левата страна и до објектите на Фудбалска федерација на Македонија од десната страна.

Вкупно машински се  исчистени 1.150 метри од двете страни на коритото, при што се извадени околу 9.000 кубни метри отпаден материјал.

Би можело да ве интересира

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје

Пет пожари се активни на територијата на Град Скопје