ФОТО: И во Скопје оддадена почит на жртвите од Сребреница

Од:

Денеска на Камениот мост во Скопје група на млади Бошњаци заедно со граѓани од сите други националности во Македонија се собраа да им оддадат почит на невините жртви од геноцидот во Сребреница.

Втора година по ред младите Бошњаци и Бошњачката културна заедница во Македонија го организираат овој настан на Камениот мост во Скопје, мост кој со векови ги спојува сите можни заедници во нашето мултикултурно поднебје.

[nggallery id=212]

Покрај поменот за жртвите организаторите апелираа на мир и толеранција на овие простори помеѓу сите граѓани во земјата со цел злосторствата направени во Босна и Херцеговина никогаш и никаде да не се повторат.

На 04.02.2010 Собранието на Република Македонија ја поддржа Резолуцијата на Европскиот парламент за Сребреница, усвоена на 15 јануари 2009 година и се обврза дека соодветно ќе го одбележи 11 јули – Денот за сеќавање на геноцидот во Сребреница со што ќе им се оддаде почит на жртвите од масакрот на што бошњачката етничка заедница во Македонија е благодарна, но ,сепак, до сега релеватните државни институции не го одбележале овој датум.

На 11. јули 1995. година преку 8.000 цивили од бошњачка националност беа убиени во Сребреница за време на војната во Босна и Хрецеговина.

Би можело да ве интересира

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ

Адвокатката на Северина: Ја испрашувале за Сребреница, не го продолжила патувањето затоа што не се чувствувала безбедно

ЕУ: Нема место меѓу нас за оние кои го негираат геноцидот во Сребреница

Горан Наумовски

Битка за Сребреница: Милош Вучиќ ќе биде кандидат на просрпските партии за градоначалник

Предраг Петровиќ

Хрватска по одлуката на Црна Гора: Ја обезвреднувате Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Парламентот на Црна Гора усвои Резолуција за геноцид во Јасеновац, Дахау и Матхаузен

Предраг Петровиќ