Во спортската арена „Сонце“ вечерва беше одржан голем хуманитарен концерт на Есма Реџепова и нејзиниот ансамбл.
Повод е собирањето средства за изградба на нова џамија во прилепската населба Тризла, за потребите на над 5000 Роми – верници од исламска вероисповест. Џамијата ќе го носи името во чест на загинатите бранители Веби и Ердован.
Изградбата на оваа џамија е предвидена со Деталниот урбанистички план на општина Прилеп. На концертот присуствуваше и градоначалникот Марјан Ристески, кој го поздрави овој настан.