Граѓани со маски на лицата и со транспаренти стојат мирно пред Собранието барајќи оставка од министерот за здравство, Никола Тодоров. На транспарентите пишува „Време е за одговорност“, „Нашите животи не се твои партиски поени“, „Министер за смрт“.
На звучници се пуштени разговори од „бомбите“ на опозицијата и изјавите на Тодоров како се правда дека не е одговорен за голем број смртни случаи во здравството.
Протестот го организираат граѓанската платформа „Ајде“ и организацијата „ТодороOFF“.
Меѓу демонстрантите е и мајката на малата прерано почината Тамара од Велес.
А.Б.