Граѓани и активисти маршираа од Владата до Министерството за култура.
Протестниот марш „Скопје 2014“ следи по вчерашното објавување на аудио записи, кои како што тврди опозицијата, покажуваат дека лично премиерот Груевски е креатор на проектот кој го измени ликот на центарот на Скопје.
По маршот, во периодот од 19 до 20 часот, пред присутните во кампот ќе се обратат Илија Николовски од Партија на пензионерите, Станислав Пипан, универзитетски професор, Максим Димитриевски од СДСМ и Горан Мисоски од НСДП.