• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ФОТО: Градилиште кај „Мајчин дом“, ќе се гради деветкатницата, која, за аеродромци, е еколошка катастрофа

by А1он08/10/2018 - 14:3308/10/2018 - 14:33717
Share0

Градежни работници со лимени тараби ја оградуваат парцелата за изградба на деветкатница кај „Мајчин дом“. За овој објект жителите на Аеродром алармираа дека ќе направи еколошка катастрофа бидејќи се гради на зелена површина, а за да се изгради, пак, паркинг за зградата, урбанистичкиот план предвидува сеча на дрворед и ново уништување на зеленилото.

Добивај вести на вибер

Стопирањето токму на овој објект и поништување на планот со кој е предвиден беше главен адут во изборната кампања на сегашниот градоначалник на Аеродром, Златко Марин. Тој како опозиционер што се бори за градоначалничка функција, на претходниот градоначалник му предлагаше решенија, како обесштетување на сопствениците на земјиштето со пари или компензација со земјиште на друга локација за да го заштити просторот од дополнително градење и да ги послуша граѓаните.

Кога стана градоначалник, не само што самиот не ги премиени советите што му ги даваше на претходникот туку го смени и мислењето и во неколку наврати се оправдуваше дека не може ништо да преземе за да ја спречи градбата.

Вчера, Општина Аеродром соопшти дека ги разгледала сите можни правни механизми за спречување на градбата реагирајќи на објавата на Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ дека градоначалникот Марин за време на кампањата за референдумот издал одобрение за градење на објектот.

„Општината активно соработува со Уставниот суд, каде што се доставени сите потребни документи во однос на ДУП И 10, за кој се поднесени повеќе претставки. Уставниот суд до денес нема донесено никаква одлука за овој предмет, ниту го има ставено во мирување ниту го има поништено ДУП И 10“, соопштија вчера од Општината и потврдија дека издаваат градежна дозвола.

„Во меѓувреме во Општина Аеродром е пристигнато барање за дозвола за градба на плацот пред ‘Мајчин дом’, што Општината е законски обврзана да го процесира во согласност со позитивните законски регулативи и параметрите на сè уште активниот ДУП И 10“, објаснија од Аеродром.

Парцелата пред „Мајчин дом“ во Аеродром, со површина од 3.538 квадратни метри, пред десетина години како државно земјиште беше продадена и приватизирана, но без право на градење сè до донесувањето на спорниот план лани во октомври кога на локацијата беше предвидена деветкатница. Како сопственик на парцелата лани, по усвојувањето на планот, фигурира компанијата „Масив констракшн“, која се поврзува со бизнисменот Орце Камчев, но сопственоста се смени на крајот на минатата година кога како сопственик на парцелата се појави Друштвото за градежништво, проектирање, инженеринг, трговија и услуги „ЗСФ – ком“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, сопственост на Фатмир Етеми, поранешен пратеник од ПДПА – НДП.

Од „ЗСФ – ком“ не одговорија на прашањата дали веќе имаат одобрение за градење и колку пари од оваа фирма се слеале во буџетите на Градот и Општината по основ на комунали. Не одговори на прашањата за одобрението за градење ниту градоначалникот Златко Марин.

Маја Илиевска-Пачемска

aerodrom

Би можело да ве интересира

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Горан Наумовски08/01/2026 - 14:13

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ21/12/2025 - 13:0921/12/2025 - 19:04

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Предраг Петровиќ21/12/2025 - 10:59

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он25/11/2025 - 19:17

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

Горан Наумовски31/10/2025 - 12:58

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

Горан Наумовски29/10/2025 - 13:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен