ФОТО: Големо невреме во Гевгелија

Од:

Силно невреме, проследено со силен дoжд, град и со ветер ги зафати денеска Гевгелија и околината, предизвикувајќи големи штети, прекин во сообраќајот и оштетени мостови. Поради обилните врнежи, но и топењето на снегот на Кожув Планина, надојдените води во Конска Река го поплавија мостот на влезот во гевгелиското населено место Моин и предизвикаа прекин во сообраќајот. Во претпладневните часови, никој не можеше да влезе и да излезе од ова населено место. За нормализирање на сообраќајот, покрај намалените врнежи, придонесе и ангажираната механизација за обезбедување на мостот кај Моин.

10429431_839604169419192_2522632755226384212_n

Надојдената Сува Река кај Гевгелија, која со месеци беше без вода, се закани од излевање на делот кај поранешна Касарна, поради што беше мобилизирана механизацијата од повеќе градежни фирми за обезбедување протек на водите и заштита од оштетување на бетнската карпа, која е единствената брана од Сува Река до првите куќи. При обиколката на теренот, градоначалникот на Општина Гевгелија, Иван Франгов, најави дека механизацијата ќе продолжи со заштита на бетонскиот насип и протек на надојдените води.

10385549_839604179419191_1496636524825744032_n

Поради обилните врнежи и надојдените планински води, дојде до излевање на Мрзенска Река кај Гевгелија и поплава на одделни дворни места и на објекти на стопанските капацитети што се наоѓаат во непосредна близина.

10436220_839604182752524_3329960069220721155_n

Исто така, надојдените води предизвикаа и оштетување на мостот кај Милетково, поради што сообраќајот до и од Миравци е пренасочен преку Удово. Допрва ќе се утврдуваат штетите од обилните врнежи и од надојдените речни води, а во моментот вниманието е насочено кон заштита од нивно излевање.

Мета

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска: „Летаа“ покриви и дрвја во Загреб

Горан Наумовски

Невремето откорна тенда од ресторан во Тетово, тешко повредена е 29-годишна жена

Горан Наумовски

Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и град попладнево зафати повеќе делови од земјава

(ВИДЕО) Силно невреме во Австрија, бурата и градот уништија згради и возила, улиците се претворија во реки

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Паднати дрвја, поплави и сообраќајни пречки на неколку локации во Скопје

Горан Наумовски