ФОТО: Голема посетеност на духовните храмови за Велигден во Дојран

Од:

Големиот христијански празник Воскресение Христово вчера на свечен начин со пригодни црковни литургии беше одбележан во духовните храмови „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ во Нов Дојран, новообновената Црква „Свети Илија“ и Манастирот „Марија Магдалена“ во Стар Дојран со невообичаено голем број посетители од цела Македонија и соседна Грција.

dojran-veligden (1)

Атрактивноста на туристичкиот крај за време на празниците ги преполни Божјите храмови и во деновите пред Велигден со посета за причесна по долгиот велигденски пост.

Поради бројната посетеност на верници од државата и од соседството годинава, како и лани, литургиите беа збогатени со величествен огномет на полноќ во знак на славењето на Христовата победа над смртта и воскресувањето.

dojran-veligden (2)

Токму поради атрактивноста на одбележувањата, како туристичка атракција, свечената литургија ја следеше и дел од населението на општина Дојран со муслиманска вероисповест, кои на овој начин, почитувајќи ги празниците на своите сограѓани, оддадоа внимание и почит на празникот со учество во процесијата на вртење околу црквата во знак на Христовото Воскресение.

„Нашата религија обединува и сите што искажуваат почит кон неа се добредојдени во нашите црковни храмови“, велат црковните претставници од Дојран.

dojran-veligden (3)

„Јас сум вистината, патот и животот“ се божјите зборови со кои прота Ѓорги Сламков им упати велигденска честитка на сите присутни и ги покани да присуствуваат на другите црковни одбележувања во недела навечер во црквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ во Нов Дојран и „Свети Илија“ во Стар Дојран, каде што службата ја изведе отец Пантелејмон од братството при манастирот од Ново Село.

Би можело да ве интересира

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Катерина Ѓуровски

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство

Православните верници денеска го слават Велигден

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот

(ВИДЕО) Ковачевски со спот за Велигден: Зелената боја е зелена енергија, а тоа значи поевтина струја

Државна и црковна делегација во Ерусалим на преземање на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб

Ана Ололовска