ФОТО: Гевгелискиот Амам уште чека да биде довршен

Од:

Споменикот на културата – Стариот градски Амам во Гевгелија, веќе шеста година по ред чека да биде градежно ефектиран и пуштен во употреба како ликовна галерија, според општинскиот проект со кој беа обезбедени меѓународни донации од збратимената турска општина Карач, за почеток на санацијата и реконструкцијата на објектот што датира од времето на Отоманското Царство присутно на овие простори.

По градежната санација, внатрешна реконструкција и конзервација на просторот, надворешна фасада и поставувањето на нова бакарна купола, на ред е партерно да се уреди околниот простор, кој сèуште личи на градилиште, без пристап, ограда или хортикултурно уредена зона.

Минатата година за негово довршување, Општина Гевгелија во својот буџет предвиде средства во износ од 787.344 денари, како и 25.944 денари за конзерваторски надзор над објектот на Амамот.

gevgeliski-amam (2)

Овие средства, според извештајот за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за минатата година,  всушност биле само покритие за изведбените работи на фирмата ДГПТУ „Еуромонта“ ДООЕЛ Струмица, која во 2011 извела градежни работи во вкупна вредност од 1.687.343 денари.

Без да има планирано нови средства за остатокот од градежните работи, Општина Гевгелија во октомври минатата година склучила договор со фирмата ДГТ „Мајстор Компани“ ДООЕЛ од  Босилово во вредност од 1,4 милиони денари за партерно уредување и доградување на просторот. Фирмата извела работи во вредност од 400.000 денари, а средствата сè уште не ѝ се платени.

gevgeliski-amam (3)

Очигледно е кога сака да се гради на кредит, каде што градежните фирми се кредитори на локалната самоуправа со својата работа, а плаќањето за сработеното е на почек, работите не одат брзо и со планираното темпо.

На Амамот не му помогнаа ниту најавите на министерката Елизабета Канчевска Милевска, која при отворањето на манифестацијата „Гевгелија – Град на културата за 2011“ рече дека освен гостувањата на културни ансамбли, уметнички претстави и концерти, со манифестацијата ќе бидат завршени и започнатите реставраторски работи на Амамот, археолошкиот локалитет „Вардарски рид“ и санација на фасадите на неколку типични стари архитектонски градби во Гевгелија.

Манифестацијата заврши пред две години, а Амамот уште чека да се реализираат ветувањата или на централната,  или на локалната власт за културно заживување на просторот на старата турска бања, која овде во времето на 80-тите години од минатиот век егзистираше како ликовна галерија и своевидно собиралиште на културната елита на овие простори.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија