ФОТО: Фискална сметка од Струга на албански јазик

Од:

Производите на фискалните сметки во продавниците и угостителските објекти во Струга, сопственост на Албанци се испишани на албански јазик. Во една локална слаткарница наместо на македонски јазик, произоводите кои се продаваат се напишани со албански имиња на кирилично писмо.

fiskalna-smetka.jpgНа пример за сладолед пишува Акулоре, што на албански јазик значи сладолед.

Со тоа граѓаните Mакедонци во Струга на фискалните сметки кои ги добиваат ако воопшто и ги добиваат на крајот воопшто и не знаат што точно пишува на фискалните сметки и дали она што го конзумирале го пишува на фискалните сметки.

Ова е уште еден доказ дека на терен во Струга не функционира во целост законост и оти законот не важи за сите подеднакво.

Факт е дека надлежните инспекциски служби треба да поработат на терен и да видат навистина што се случува бидејки граѓаните Mакедонци се изненадени од ваквиот потег на некои угостителски објекти.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски