Жителите од с.Драчево упатија барање до властите за решавање на проблемот на граѓаните со сопственоста на нивниот недвижен имот од КО Драчево 2 со кој би се ослободиле од плаќање на најмалку 1.200 ЕВРА за изработка на геодетски елаборати, нотарски трошоци.
За таа цел, потребно е:
1. За земјоделското земјиште (ниви без објекти) да се изнајде начин површините од Катастарот на земјиште (поседовен лист) да се трансформираат во Катастарот на недвижности (имотни листови) без изработка на елаборати и без давање изјави на Нотар.
2. За парцелите каде што има изградено објекти и огради да се олесни процедурата за утврдување на правото на сопственост .
3. Владата во најкраток можен рок со законски решенија (најдоцна до крајот на 2014 година) да ги имплементира овие наши барања.
Од тие причини, денеска започнуваме со петиција и собираме потписи од сите засегнати граѓани кои сметаат дека е крајно време да уживаат во своето уставно загарантирано право на сопственост. Потписите ќе се собираат до 15.11.2014 година, по што ќе следуваат натамошни активности.