ФОТО: Детска улица нема да се гради, но дрвјата отидоа „курбан“

Од:

Општина Аеродром се откажаа од доизградбата на детската улица „Тоше Проески“.

Пешачката улица од Ново Лисиче требаше да продолжи и кон Аеродром, односно преку булеварот „Србија“, во должина од 250 метри.

Граѓаните, како што веќе објави А1он, жестоко реагираа. Постигнат е договор со општинските власти улицата само да се реконструира, ќе бидат поставени гранитни плочки, ново осветление и жардиниери.

Но, штетата сепак е веќе направена. Како што можете да видите од фотографиите на А1он, исечени се дрвјата и уништено е зеленилото.

Од Општината ветуваат дека на нивно место ќе засадат нови садници и зеленило.

Би можело да ве интересира

Aеродромот Шарлроа во Брисел е најлошиот аеродром во светот

Горан Наумовски

Девојка од Петровец била истепана во Аеродром

Авион итно слета на аеродромот во Белград: Патникот почина, му се слошило на летот од Германија

Уапсен турски државјанин на скопскиот аеродром, со фалсификувани визи сакал да влезе во Македонија

А1он

Жена нападната на Меѓународниот аеродром во Скопје

Тепачка во Аеродром: Бабата со тврд предмет го нападнала зетот