ФОТО: Дел од болницата во Кичево во мизерни услови

Од:

Болницата во Кичево функционира во неколку различни објекти, од кои дел се градени пред таа да стане болница и кои, според вработените, се во мизерни услови.

Директорот на болницата, Љупче Ристески, вели дека условите во Кичевската болница не се многу добри.

kiccc (3)

„Некои одделенија, како она за интерни болести, за гинекологија, за акушерско, имаат задоволителни услови, тие се сместени во малку понови објекти и имаат понова и модерна апаратура. Што се однесува на делот на амбулантите, дежурното и инфективното одделение, како и урологија, тие имаат услови што се далеку од задоволителни, можам да кажам лоши услови. Од време на време сме имале различни донации од различни донатори, но не е доволно. Болницата има потреба од подобри услови, кои, ние се надеваме, ќе ги имаме кога ќе се преселиме во новиот објект“.

kiccc (2)

Најавата за нов објект кој ќе чини околу 3,7 милиони евра ја направи министерот за здравство, Никола Тодоров, при неговата посета на болницата во Кичево во април оваа година. Се планира во тој објект да се преселат сите одделенија.

kiccc (6)

Во меѓувреме, овие денови продолжува интервјуто на кандидатите за вработување во оваа болница. Според директорот Ристески, следниот месец ќе се примат и 22 нови вработени – медицински сестри, акушерки, лаборанти итн.

kiccc (5)

kiccc (4)

Fatlume Dervishi

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка