(ФОТО) Данева: Ако власта дели флаери и ние ќе делиме флаери

Од:

Потпретседателот на СДСМ, Ана Павловска Данева вечерва престојуваше во Кочани каде во салата на „Мултикултурниот Центар“ имаше свое обраќање пред членовите на партијата, објави порталот Комарец.

Данева ги запозна присутните во салата со најновата одлука што во Средата рано наутро ја донесе Централниот Одбор на СДСМ, а тоа е дека остануваат на ставот да ги бојкотираат претстојните Локални избори.

Данева исто така ја образложи кампањата на партијата која започнува на 4. март, а тоа е дека ако Власта организира трибини за излегување на изборите, коалицијата ќе организира трибини на кои ќе ги убедува своите членови и симпатизери на денот на гласањето да останат дома.

Ако власта дели флаери и тие ќе делат флаери, значи се што ќе прави коалицијата на власт спротивно од нив ќе прави коалицијата „Сојуз за иднината“.

Говорот на Данева членството со овации го поздрави што уште еднаш покажа дека сите се единствени во ставот за бојкот на изборите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски