ФОТО: Целосно реконструирана улицата „Антон Попов“

Од:

Викендов заврши целосната реконструкција на улицата „Антон Попов“ во Кисела Вода, која почна минатиот месец.

„Улицата „Антон Попов“ изминатиов период беше реконструирана, на потегот од раскрсницата со улицата „Павел Шатев“ до улицата „Димо Хаџи Димов“, во вкупна должина од 584 метри.

На оваа делница е поставен нов асфалт, а извршено е и нивелирање на 37 постојни шахти и сливници.

За реализација на овој капитален проект од буџетот на Град Скопје се издвоени 5,5 милиони денари.

Реконструкцијата на улицата „Антон Попов“ е дел од инфраструктурните проекти што ги реализира Градот Скопје со цел овозможување побрз, побезбеден и поефикасен сообраќај во нашиот град, се вели во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан