ФОТО: Цела Струмица со билборди на Пишев

Од:

ВМРО ДПМНЕ брутално ги крши важечките закони во Република Македонија меѓу кои и законот кој ги регулира изборните правила. Тој закон важи за сите политички партии и сите политички партии без исклучок се должни да го почитуваат. За жал ВМРО ДПМНЕ по кој знае кој пат на безобразен и арогантен начин ги игнорира законите. За нив, едноставно, законите не важат, велат од СДСМ.

Според законот за избори секоја општина е должна да определи места за плакaтирање, на кои политичките субјекти и нивните кандидати ќе можат да ги истакнуваат своите изборни плакати.

pisev (1)

Советот на општина Струмица во законски утврдениот рок на своја редовна седница ги усвои предложените места за плакатирање. Граѓаните на Струмица се сведоци дека ВМРО ДПМНЕ и нивниот кандидат за градоначалник не ја почитуваат таа одлука утврдена со закон. Нивната политичко-пропагандна иконографија безобразно се поставува на сите делови од градот, на места на кои не е дозволено плакатирање. Безобразното „силување“ на граѓаните од страна на ВМРО ДПМНЕ и Васил Пишев оди до таму што насилнички ги злоупотребија државните институции како што се Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравство, Централениот Регистар, па на зградите од тие институции поставија мамутски плакати со ликот на Пишев и изборниот слоган на ВМРО ДПМНЕ. Кога еден човек кој е актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија и претендент за функцијата Градоначалник на општина Струмица не ги почитува Законите во државата и одлуките на Советот на општина Струмица, тогаш се гледа за каков политичар станува збор.

pisev (3)

Со оглед на тоа што мисијата на ОБСЕ ги доби податоците за местата за плакетирање, се надеваме дека соодветно ќе реагира. Жално е за Република Македонија што во нивниот бележник уште сега ќе биде запишано дека партијата на власт ги руши важечките закони во оваа земја. Тоа не и оди во прилог ниту на Македонија ниту на нејзините граѓани.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“