ФОТО: Автомобил удри во зградата на „Проаква“ во Охрид

Од:

Автомобил излета попладнево од магистралниот пат што води кон туристичките места на охридското источно крајбрежје и удрил во зградата каде е сместена дирекцијата на МЈП „Проаква“, пренесе Супер Радио.

Според првичните информации од СВР Охрид, се работи за автомобил марка „Сеат“, во сопственост на дирекцијата на НУ „Охридско лето“ што го управувало лицето В.З. кој се движел од десната страна на патот во правец кон плажите.

Во автомобилот бил само возачот, кој, според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, во еден момент изгубил контрола над возилото и излетал од патот, но засега не се утврдени причините поради кои дошло до незгодата.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он