ФОТО: Автомобил на Министерството за здравство во служба на кампања на Захариев

Од:

Автомобил на Министерството за здравство во служба на предизборната кампања на кандидатот за градоначалник Илчо Захариев од ВМРО-ДПМНЕ?

Возило Ford Fiesta, со регистерски таблички SK-803-PE во повеќе наврати било забележано на места каде што кандидатот за градоначалник на Општина Штип од редовите на колицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев, вршел промоција на својата предизборна програма.

DSCN4479

Илчо Захариев во моментов ја врши функцијата директор на Бирото за лекови, па се поставува прашањето дали ова возило е регистрирано на Министерството за здравство, односно е службено возило на кандидатот, кое се користи во неговата предизборна кампања?

На фотографија од партиска активноста на кандидатот за градоначалник Илчо Захариев, сликана во приградската населба Караорман, јасно се гледа автомобилот, а фотографијата е објавена и на Фејсбук-профилот на ВМРО-ДПМНЕ ОК ШТИП.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември