ФОТО: Албански обележја на 100-годишнината од македонско-албанското востание

Од:

Денеска во месноста Теферич беше откирена спомен плоча по повод сто годишнината од македонско-албанското востание против тогашниот окупатор, чиј постамент беше направен пред два дена.

На одбележувањето немаше државни симболи, а беа поставени албански занмиња и се интонираше албанската химна.

DSC02698

Спомен обележја денеска исто така беа поставени и во струшките села Радолишта, Мислодежда и Корошишта, додека вакви спомен обележја пред една година добија и Лабуништа и Велешта. Од организациониот одбор на двете месни заедници Радолишта и Теферич велат дека е поставена само спомен плоча што го означува тој ден, а во иднина ќе се бара да се уреди тој простор и да се добие дозвола за градба за еден споменик:

DSC02700

Дозвола нема за ниедна спомен плоча бидејќи дозвола не се бара за спомен плочи согласно законот за обележја, поточно спомен плочи. Тоа е одлука на локалните власти поточно на месните заедници.Нема одлука на совет, затоа што не е споменик и не е објект изграден кој го нарушува простор, ред и мир и.т.н. Направена е согласно законот. Оваа спомен плоча со својот лик не нарушува ниту по етничка, верска и друга основа.само го одбележува датумот кој дава можност да се потсетиме на тие настани, рече Ваит Ајро – претседател на организациониот одбор на месните заедници на Теферич и Радолишта.

Во однос на тврдењата на струшкиот музеј кој се повикува на преданијата дека постаментот се поставува на црковно место на влезот на струшкиото село Теферич, претседателот на организациониот одбор Ваит Ајро појаснува:

Местото се вика „Ајро“, тоа е место дадено од приватна сопственост во јавен интерес.Овде имало еден канал, една вода кога тука застанувале за одмор и ништо повеќе. Додека според нашите информации кога доставивме барање до општината за дозвола на еден поголем објект на вакво спомен обележје, таму во 1999 година во урбанистички план беше впишан еден крст. Тоа значи дека местото е ваковско заедничко, не подразбира дали е од црква или од џамија.Реално тука се лажат сите дека постоело нешто друго. Денес стои сопственост на Република Македонија, поточно Општина Струга, потенцира Ваит Ајро.

Иако станува збор за зедничко македонско- албанско востание спомен плочата како што се најавуваше беше испишана само на албански јазик. Од организациониот одбор не сакаа да ја преведат нејзината содржина со образложение дека при преводот може да направат грешка.

На денешното одбележување присуствуваше и Музафер Куркути претседател на Академијата на науки и уметности од Република Албанија, а не беше присутен градоначалникот на Општина Струга Зејадин Села.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Малолетник е тешко повреден во сообраќајка во Струга

Почина четиримесечно бебе, во болницата во Струга го донеле без знаци на живот

Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорен мост“ по 18 пат во Струга