ФОТО: „Акцијашите“ го кренаа кампот за елементарни непогоди

Од:

Волонтерите од Здружението за волонтерско работно и едукативно ангажирање во сферата на екологијата „Акцијаши“ денеска кај градската плажа „Парк“ подигнаа камп за елементарни непогоди и ги почнаа активностите по повод одбележувањето на 50-годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година. Во кампот денеска попладне ќе се сместат околу 150 волонтери и членови на бригадите што директно учествувале во расчистувањето на урнатините по скопскиот земјотрес, од повеќе делови на поранешна Југославија.

– Здружението „Акцијаши“ активно се вклучува во програмата на Град Скопје за одбележување на 50-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје. Нашите гости волонтери оваа вечер ќе ја поминат под шаторите. Утре, на 26 јули, во 05.17 часот ќе нè разбуди сирена, ќе се построиме и ќе се упатиме кон старата железничка станица каде што ќе изведеме симулација на земјотрес, расчистување на урнатини, помош на настрадани и санирање повреди, во соработка со активистите на Црвениот крст на Град Скопје. По 12 часот се враќаме во кампот каде што Армијата на Република Македонија за нашите волонтери ќе подготви војничко гравче – вели Горан Илиев, член на управниот одбор на „Акцијаши“.

akcijas (4)

Во формирањето на кампот за елементарни непогоди на волонтерите од „Акцијаши“ денеска им помагаа и припадници на полицијата и на АРМ.

akcijas (3)

akcijas (2)

Кампот за елементарни непогоди во Градскиот парк ќе се расформира на 28 јули.

Би можело да ве интересира

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје

Пет пожари се активни на територијата на Град Скопје