Форум за улогата, проблемите и предизвиците на граѓанските организации во општеството

Од:

Улогата на граѓанските организации во општеството, проблемите и предизвици со кои се соочуваат во своето работење и перспективите за одржливост на граѓанското општество и организациите, се теми на денешниот форум „Нов патоказ за развој на граѓанското општество“, во организација на Делегацијата на Европската унија и ЕУ проектот Техничка поддршка за граѓанските организации – ТАКСО.

Сунчица Саздовска, советник на проектот ТАКСО, на отворањето на денешната дебата рече дека таа претставува самооценка од граѓанските организации и рефлексија од другите чинители, кои имаат клучна улога и влијаат на развојот на граѓанското општество, како што се Владата, локалната самоуправа, медиумите и донаторите.

Раководителот за соработка од Делегација на ЕУ Никола Бертолини рече дека цивилното општество има голема улога во Македонија, но и Владата и дека нивна цел е двете да работат заедно и разговараат за иднината и добросостојбата на граѓаните.

– Во Македонија нема проблеми, туку предизвици и можности. Среќни сме што можеме да воспоставиме основа за добар дијалог меѓу сите сектори. Цивилното општество има потреба од финансиска поддршка која што е транспарентна, независна и насочена кон поддршка на развојот на општеството. Ова е голем предизвик и ние ќе работиме со цел да се подобри овој механизам, изјави Бертолини.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска рече дека без граѓанско силно општество не може да бидат силна Влада и да одиме кон Европската унија.

– Граѓанскиот сектор во даден момент критикува, но тој ако критикува конструктивно, тоа ја прави владата посилна. Очекувам дека граѓанскиот сектор, кога ќе се почувствува слободен во неговото дејствување, ќе даде придонес, изјави Царовска.

Посочи дека граѓанското општество е пошироко од граѓанските организации и сите сме дел од него, како и дека Министерството треба да направи функционален систем со Закон за социјална заштита што ги задоволува потребите и Закон за работни односи што ги штити работниците и кој што ги вклучува граѓанските организации.

– Дополнително треба да им дадеме место на граѓанските орагнизации во овие закони како да дејствуваат и како да даваат коментари во однос на нашите сервиси и како да учествуваат директно во давање на одредени услуги. Тоа ќе биде регулирано со законски акти и ќе бидат консултирани, изјави Царовска.

Според Марко Трошановски од Институтот за демократија Социетас цивилис, функцијата на граѓанските организации е да бидат политички коректив и да бараат политичка одговорност, како и да додаваат квалитет со својата експертиза во политиките и законите што се креираат.

Би можело да ве интересира

Започна реализирањето на серија бесплатни обуки за општините и граѓанското општество

Ана Ололовска

Проект за зголемување на јавната свест за поголемо граѓанско учество

Ана Ололовска

Форум на тема „Нов патоказ за развој на граѓанското општество“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Граѓанското општество со предлог: Експертска влада да спроведе реформи, а потоа избори

А1он