Медиумите имаат улога да емитуваат програми за доброто на јавноста и да промовираат вредности, но сепак македонските медиуми во најголем дел продолжуваат да го отсликуваат јавниот живот како доминација од мажи и со самото тоа го зајакнуваат прифаќањето на родовата стереотипизација и ставови.
Ова се заклучоци во документот „Родова дискриминација во медиумите“, изготвен од една од работните групи во рамки на Вториот форум за родова еднаквност, кој беше презентиран денеска. Форумот е во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје во соработка со Прогрес Институт за социјална демократија.
Калинка Габер од Прогрес Институтот посочи дека групата, која работела на оваа тема направила длабинска анализа на медиумски материјали од информативните програми од аспект на уредништвото, на структурата на луѓето кои учестувваат во медиумите, како и од аспект на уредувачката политика односно темите, кои ги третираат медумите во своите програми.
Жените во медимите често се прикажани како домаќинки, зависни од традиционалните машки улоги или сексуални објекти, кои никогаш не можат да стигнат до раководни позиции, се вели до документот.
Учесниците во истражувањето нагласуваат дека медиумите имаат улога да спроведат медиумска едукација со цел да се воспостави општество во кое воспитувањето гарантира дека жените и девојките ќе бидат видени и третирани клако еднакви со мажите и момчињата.
Слична е состојбата во однос на работните места места и еднакви можности за напредување во кариерата. Прегледот за родова еднаквост во однос на сопственици и уредници во медумите во Македонија дава слика на нееднаков број мажи и жени, односно поголем број сопственици мажи, отколку жени. Од вкупниот број регистрирани сопственици на медиуми 37 се мажи, три се жени, а пет се непознати.
Спроведено е набљудување во периодот од 5 април 2017 до 5 мај 2017 година на информативните програми и дебатните емисии на сите национални телевизии, кои имаат национална концесија.
Во тој период како гости на емисиите биле поканети вкупно 255 лица од кои само 49 се жени, што значи само 19 отсто. Истовремено од вкупното време во емисиите, во кои имало присутни гостинки, жените, вкупно во сите телевизии, искористиле 41 отсто од времето да ги кажат своиоте ставови. Во девет набљудувани дебатни емисии, чии домаќини се 12 водители, четири од нив се жени, што значи околу 30 отсто.
Тоа исто така може да биде показател и за тоа дека жените се уште не можат да дојдат до израз во својата стручност од која било професија, од преголемиот број мажи во сите области или пак не се препознаени од медиумите како експертки во дадена област, се вели до документот.
Мониторингот покажал дека жените генерално сепак добиваат помалку медиумско внимание дури и кога се поокатени во дебатни емисии, освен во одредени околности, односно кога имаат повисока позиција на моќ.
Во периодот од вкупно 108 гости на Топ тема на Телма, 28 биле жени (25 отсто), на 24 Отворено на 24 вести од 16 гости, три биле жени (18 отсто), на 24 Анализа исто така на 24 вести од 41 гостин, пет биле жени (12 отсто). На 360 степени на Алсат-М од 11 гости четири биле жени (36 отсто), во Аргумент на ТВ Нова од 17 гости една била жена (четири проценти).
На промоцијата беше презентиран и документот „Фенимизирање на наставничката професија во одделенката настава и стереотипизација на воспитните улоги во општеството“.
– Истражен е соодносот на наставнички во однос на наставници, стереотипизацијата односно родовите улоги, кои ги добиваме како дел од општеството се зацементируваат со она што децата го учат во училиштето не само преку наставната програма и наставните планови туку и со тоа кој тоа ним им го пренесува, веи Габер.
Таа додаде дека околу 70 отсто од наставниците во одделенска настава во петто одделение на ново на Македонија се жени, но во руралните средини и кај етничките заедници е повисок процентот на учители.
Во двата документа се содржани препораки до носителите на одлуки за подобрувањее на состојбата во овие сфери.