Форум: Секогаш може да се направи нешто за подобрување на состојбата на маргинализираните групи

Од:

Денеска во Скопје се одржа Форум за човековите права на маргинализираните групи на кој што учесниците кажаа дека состојбата во Македонија не е совршена, но таква е и во другите земји. Тие сметаат дека за подобрување се потребни и поголеми финансиски средства, но и поголема свесност, добра волја и ангажираност на сите кои се занимаваат со ова прашање.

– Тоа е прашање на кое треба постојано да се работи. Секогаш има нешто што сите ние може да направиме не само да ја подобриме правната рамка, туку да ги подобриме нашите и животите на другите луѓе чекор по чекор, рече Петруш Тоинес Меѓународен лидер на програмата Цивика мобилитас.

Спроед него овој форум е можност за да се види какви се состојбите, што може да се направи и како заедно да се оди напред.

Маргарита Цаца Николовска, претседателката на Институтот за човекови права вели дека состојбата со кршењето на правата на маргинализираните групи во Македонија е најтешка бидејќи правата им се кршат по неколку основи.

Подигнување на свесноста за дискриминација или кршење на правата е потребна за подобрување на состојбата, според неа, а во псравувањето да се вклучат и да соработуваат институциите и граѓанските организации.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош