Форум на жени на ДОМ: Најостра осуда за сексистичкиот фејсбук статус на Стоилковски!

Од:

Форумот на жени на ДОМ најостро го осудува сексизмот, потценувањето и дискриминацијата на жените врз основ на род, во фејсбук статусот на опозицискиот портпарол, Стоилковски.

„Ваквиот говор на омраза е недозволив за било кој граѓанин, а особено за портпарол чија функција е да ги презентира ставовите на партијата. Конотацијата на текстот е навредлива не само лично за Министерката за финансии, туку за жените генерално.

Ваквите сексистички содржини ги обесхрабруваат жените во нашето доминантно патријархално и конзервативно општество активно да се вклучат во политичкиот, економскиот и јавниот живот.

На тој начин се оневозможува развојот на општеството во целост.

Овие ретроградни стереотипни ставови за улогата на жените во општеството се потврда за потребата од унапредување на правата на жените како човекови права. За Форумот на жени на ДОМ тие се дополнителен мотив за уште поинтензивно делување со цел реализирање на политиките за економско јакнење и зголемено учество на жените во политиката“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов