Форум на тема „Судирот на интереси во власта – тенката линија до корупција“

Од:

Форум на тема „Судирот на интереси во власта – тенката линија до корупција“ ќе се одржи денеска во организација на Транспарентност Македонија, во соработка со НВО Инфоцентар.

Неформалната Коалиција за нулта толеранција, составена од граѓански активисти и новинари, го организира овој форум имајќи го предвид сѐ почестото преплетување на јавните и приватните интереси во државата, како и потребата од зголемување на одговорноста, транспарентноста и отчетноста на избраните и именувани функционери и други службени лица.

Главниот фокус на дискусијата, според организаторот, ќе биде како може успешно и ефикасно да се бориме против судирот на интереси и како да ги избереме најсоодветните средства за создавање „општество на доверба”, а не „општество на недоверба”.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Рокас: Конечно сериозен пристап во справувањето со корупцијата

Левица: Бараме казни за корупцијата, а не прикриени амнестии за функционерите

Поради здравствени причини, Мицкоски изостанува од македонско-српскиот бизнис форум

Горан Наумовски

Захарова: Европски претставници беа дел од корупциските шеми во Украина

Горан Наумовски

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ