Формирано здужение „БИЛКА“ кое што се залага за декриминализација на канабис

Од:

„Поздравувајќи ја позитивната клима, како и позитивните Законски измени во Законот за опојни дроги со кои се овозможува употреба на канабис во медицински цели, како и уважувајќи ги позитивните промени,како во законските одредби, така и во менталитетот на институциите, на ден 13.04.2017 група од седум граѓани основаа Здружение за декриминализација на канабис “БИЛКА“, Скопје.

Здружението, како непрофитна организација, се залага за целосно декриминализирање на канабисот,како во медицински, така и во рекреативни цели, и цврсто се залага за заштита и унапредување на животната средина.Во таа насока, Здружението за декриминализација на канабисот „БИЛКА“, во наредниот период интензивно ќе работи на подигнување на свеста во општеството за позитивните импликации и придобивки од канабисот, организирање на научни конференции и работилници од областите на интерес, активна соработка со останатите здруженија и организации кои имаат исти или слични цели, и посветено ќе работиме на подигнување на свеста за потребата од заштита на животната средина.

Нотирајќи ја потребата од менување на институционализираниот,генерално негативен став на надлежните институции,Здружението за декриминализација на канабис ќе соработува со сите владини институции и тела кои се надлежни по прашањата кои се од интерес за работата на Здружението БИЛКА-Скопје.

БИЛКА-Скопје изразува надеж, дека со својата работа ќе поттикне и ќе помогне да се реализира една од основните цели на здружението-генерална декриминализација на канабисотг, како и надеж дека со својата работа ќе влијае врз надлежните институции да алоцираат доволно ресурси во борбата за заштита и унапредување на животната средина, што претставува уставно загарантирано право на граѓаните, како такво инкорпорирано во член 43 од Уставот на Република Македонија“ се вели во соопштението на Здружението за декриминализација на канабис БИЛКА-Скопје.

Би можело да ве интересира

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Петмина под истрага за разбојништво во фабрика за канабис во Чегране

ВИДЕО: Запленети 1053 стебла канабис, фирма од Гостивар садела без дозвола

Катерина Ѓуровски

Овци во Грција бараа свежа трева по поплавите и изедоа 100 килограми канабис

Во Грција уапсен македонски државјанин со 45 килограми канабис

Катерина Ѓуровски

Купувањето и поседување до 30 грама канабис во Германија би можело да биде ослободено од казни

А1он