Со формирањето на „Куманово план“ се имплменетира децентрализацијата во сегментот на урбанистичкото уредување на градот

Од:

Одлуката за формирање ново јавно претпријатие „Куманово План“ која ја донесоа Советот на Општината е позитивен исчекор и ќе придонесе за современо просторно и урбанистичко уредување на градот и претставува пример за суштинско имплементирање на децентрализацијата во овој сгемент, смета поранешниот градски архитект на Куманово, Горан Митевски.

Според него со формирањето на јавното претпријатие, општината ќе го преземе во надлежност планирањето на урбаното уредување и просторот во градот.

– Мислам дека ова е позитивен исчекор во однос на комплетирањето на процесот на децентрализација во овој сегмент, бидејќи надлежноста во урбанистичкото планирање, реализицијата на урбанистичките планови беше централизирана од 1991-93 година, беа уништени таквите претпријатија кои беа формирани од Собранијата низ општините во Македонија и сега по враќањето 2005-2007 надлежностите за реализација префрлување на службите од Министерството за транспорт и врски во општините е еден исчекор каде општината ќе си ја земе својата надлежност во планирањето на просторот во градот, вели Митевски.

Тој потенцираше дека со отворањето на претпријатие нема да се укинат компаниите кои се занимавале со оваа дејност. Појаснува дека претпријатието нема да биде монопол во однос на проектирањето на ликот на градот.

– Не сакаме да се смета дека со отворањето на ова претпријатије ќе се затворат сите други претпријатија, всушност ќе имаат максимална поддршка во општината и рамноправна позиција во однос на јавното претпријатие, нагласи тој.

Поранешениот градски архитект додаде дека вакви претпријатија функционираат и во останати градови низ државата како Штип, Битола.

На последната седница на Советот на општината на иницијатива на градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, донесе одлука за форрмиарње на ова претпријатие кое ќе се занимава со планирање, проектирање и изработка на просторни и урбанистички планови. Донесена беше и одлука да се префрлат 5,5 милиони денари како основачки влог за претпријатието, средства кои досега ги користеше секторот за урбанизам од општината за истата намена.

Последен пат во Куманово беше донесен Генерален урбанистички план во 2002 година кој важеше се до 2012 година, но со одлука на совет деталните урбанистички планови се донесуваа врз основа на постоечкиот, согласно позитивната законска регулатива за просторно уредување.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

МВР: Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција

Горан Наумовски

Избувнаа неколку пожари на различни локации во Куманово, градот е обвиткан во чад

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

Голем пожар крај Куманово: Изгореа куќа, сандаци за пчели и ниви со насади

Горан Наумовски

Од менувачница го следеа до дома, го удрија, па го ограбија – кривична за двајца кумановци

А1он