„Во Скопје е одржан основачкиот состанок на Женската Организација на Партијата за Движење на Турците (ТХП), со што после 20 години, прв пат една турска политичка партија дава особена поддршка и поттик на жените од турската националност за нивното активно учество во политичкиот живот.
Жалосно е што до ден денес не е направено доволно за интеграција на жените Турци во општеството. Со формирањето на Женската Организација на ТХП, веруваме дека жените ќе добијат поактивна улога во општествено-политичкиот живот и заедно ќе развиваме поуспешни политики.
На основачкиот состанок со своето присуство не` почести потпретседателката на МХП, Дениз Депбојлу. За претседател на ЖО на ТХП е избрана Ајсел Сејфулах“, се вели во соопштението на Партијата за Движење на Турците (ТХП).