Фон дер Лајен: Се надевам дека сите страни ќе ги поддржат уставните амандмани за придвижување на земјата на европскиот пат

Од:

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен се надева дека уставните амандмани во Собранието на Северна Македонија ќе бидат поддржани од сите страни со цел придвижување на државава на европскиот пат.

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен го поздрави поднесувањето на уставните амандмани во Собранието на Северна Македонија изразувајќи надеж дека тие ќе бидат поддржани

-Го поздравив поднесувањето на уставните амандмани од неговата Влада (Ковачевски) во Парламентот. Се надевам дека сите страни ќе ги поддржат, Северна Македонија да се придвижи напред на европскиот пат. Северна Македонија припаѓа во ЕУ, напиша на социјалната мрежа X (Твитер) Фон дер Лајен по неформалниот состанок на лидерите од Западен Балкан и ЕУ во Атина по повод 20-годишнината од Солунската агенда за ЕУ перспективата на Западен Балкан.

Фон дер Лајен во Атина се сретна со премиерот Димитар Ковачевски, кој во изјава за МИА рече дека разговарале за европската перспектива на Северна Македонија и изразиле задоволство што е започнат процесот за уставните измени.

-Процесот започна успешно и се надевам, исто како што и ЕУ се надева, дека во нашето Собрание ќе има визија и ќе има храброст пратениците да донесат една важна одлука која што се однесува на продолжување на европската интеграција на Северна Македонија во Европската Унија, објасни Ковачевски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Урсула фон дер Лајен пристигна во Киев со важна порака за Зеленски

Катерина Ѓуровски

Фон дер Лајен: Со нетрпение ве очекуваме во ЕУ со вашиот посебен идентитет и македонски јазик

ВИДЕО: Пендаровски се сретна со фон дер Лајен, разговарале за реформите и за уставните измени

Урсула фон дер Лајен пристигна во Скопје

Урсула Фон дер Лајен денеска пристигнува во Скопје

Ковачевски- Фон дер Лајен: Силна поддршка од ЕУ за европска интеграција на Северна Македонија, да не се пропушти еднствената шанса

Предраг Петровиќ