Фон дер Лајен: ЕУ ја потврдува посветеноста на иднина во која сите шест земји од Западниот Балкан ќе бидат нејзини членки

Од:

Цел на Европската комисија е Северна Македонија и Албанија да ги почната преговорите по Првиот кластер – Основи што е можно поскоро, дури ако може и следната недела и силно ја потврдуваме нашата посветеност на иднина во која сите шест партнери од Западниот Балкан ќе бидат членки на нашата Унија, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по завршувањето на дводневниот Самит на ЕУ.

– Новата година почнува со многу добри вести за Европската Унија и за нејзините соседи и пријатели со вчерашната одлука за чекор напред во процесот на проширување. Тоа ќе претставува обележје на нашата заедничка историја. Решивме да започнеме преговори со Украина и Молдавија, одлучивме на Грузија да и доделиме кандидатски статус, како и да ги отвориме преговорите со Босна и Херцеговина, тогаш кога ќе бидат постигнати неопходните барања, истакна Фон дер Лајен, на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и шпанскиот претседател Педро Сначез.

Според Фон дер Лајен, со вчерашната одлука за проширувањето Унијата покажала го исполнува ветеното и дека никогаш не била по силна и поедините

– Во свет што го потресуваат повеќекратни кризи, проширувањето е инвестиција во стабилноста, , инвестиција во сигурноста, но и инвестиција во просперитетот на целиот континент и голема инвестиција во демократијата, додаде Фон дер Лајен.

Според Мишел, воената аграсија на Русија врз Украина предизвика длабока трансформација на Европската унија, за што доказ е и денеска завршениот Самит, кој има историска димензија со донесените одлуки за проширувањето.

– Ваквите одлуки се многу јасна политичка порака дека проширувањето е инвестиција во мирот, сигурноста и просперитетот, упатена до сите европски граѓани и до граѓаните на земјите кандидати за членство, но и остатокот од светот, додаде Мишел.

Санчез, од своја страна, истакна дека на 1 јули кога беше во посета на Киев ми порачал на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека за шест месеци сите членки и институции на ЕУ ќе го поддржат членството на Украина во Унијата и конечно на крајот на претседавањето на Шпанија со Унијата, вчера е донесена таква одлука.

Тој додаде дека посветеноста на проширувањето не се однесува само на Украина, туку и на Молдавија, на земјите од Западниот Балкан, како и Грузија, доколку ги исполнат неопходните услови.

– Има многу земји што сакаат да се приклучат на европското семејство веќе подолго време и тоа ќе биде можно со поддршка и помош од ЕУ и европските институции, истакна Санчез, додавајќи дека и Романија и Бугарија се многу важни за Унијата и дека се надева оти наскоро ќе да се приклучат на Шенген зоната.

Би можело да ве интересира

Бугарија ја смени својата „приказна“ за авионот на Урсула фон дер Лајен

ВИДЕО: Мистерија над Бугарија, што навистина се случи со авионот на Урсула фон дер Лајен

Мерц контра Урсула фон дер Лајен: „ЕУ не може да испрати војници во Украина“

Руте: НАТО сериозно го сфаќа попречувањето на GPS сигналот, работиме на тоа да го спречиме

Горан Наумовски

Flightradar тврди дека авионот со Урсула фон дер Лајен не ја загубил навигацијата

(ВИДЕО) Нападнато е и возилото со кое патуваше Урсула фон дер Лајен во Бугарија