А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Фон дер Лајен: Аспирантите за членство да ги доближиме многу побрзо до ЕУ

by А1он21/08/2023 - 19:27299
Share0

Нашите пријатели, аспиранти за членки во ЕУ, треба да ги доближиме до нас многу поблиску и многу побрзо, објави на Икс претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во пресрет на вечерашната неформална вечера што ја организира грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за лидерите од земјите од Западен Балкан и членки на Унијата од регионот на која ќе присуствува и премиерот Димитар Ковачевски.

Добивај вести на вибер

– Мило ми е што сум во Атина за да разговараме за европската перспектива на нашите соседи и партнери од Истокот и од Западен Балкан. Ќе продолжиме да ги уриваме бариерите меѓу нашите региони, наведе Фон дер лајен во објавата.

На неформалната вечера што ќе се одржи по повод 20-годишнината од Самитот ЕУ-Западен Балкан и „Декларацијата од Солун“, ќе присуствуваат и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателите на Србија и на Црна Гора, Александар Вучиќ и Јаков Милатовиќ, како и премиерите на БиХ – Борјана Кришто, на Косово – Албин Курти, на Бугарија – Николај Денков, на Романија – Марчел Чолаку и на Хрватска – Андреј Пленковиќ.

Според најавите премиерот Ковачевски на маргините на собирот ќе има средба со Фон дер Лајен, која, како што најави, од прва рака ќе може да се информира од него за текот на уставните измени.

ursula fon der lajen

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ: Девојката ме остави, не можев да се освестам цела година, исто е и со Европа

Катерина Ѓуровски27/01/2026 - 09:4227/01/2026 - 10:06

ЕУ ѝ довери итна задача на претседателката на Европската Комисија

Горан Наумовски23/01/2026 - 14:0723/01/2026 - 14:08

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски23/01/2026 - 06:5423/01/2026 - 08:00

Фон дер Лајен: Поважно од кога било да се фокусираме на Украина

Горан Наумовски21/01/2026 - 21:00

Фон дер Лајен: Данска и Гренланд имаат целосна европска поддршка

Горан Наумовски19/01/2026 - 15:54

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх

Горан Наумовски05/01/2026 - 19:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен