Фолк пејачката Сузана Спасовска прогласена за непожелна во Грција

Од:

На познатата македонска фолк пејачка Сузана Спасовска пред девет дена грчките власти не и дозволиле да влезе во Грција, за што таа денеска преку писмо до медиумите ја информира јавноста.

Спасовска, како што објаснува во соопштението, немала никаква намера да престојува во Грција туку на 6 септември преку нејзина територија да отпатува во Турција, но во намерата била спречена од грчките цариници на преминот Евзони. Откако ја легитимирале, тие и дале формулар на грчки и на српски јазик за да потпише дека е непожелна личност во Грција. Откако таа одбила да го стори тоа, тие и се заканиле дека нема да и ги вратат патните исправи доколку не го потише документот. Таа наведува дека освен условувањето и принудата, грчките цариници се однесувале дрско и и се обраќале со висок тон.

– Документот ме регистрира во грчкиот национален регистар како личност која е непожелна за влез во Грција со необјасниви причини. И покрај моето инсистирање да добијам објаснување за нивната постапка, наместо тоа дрско и со висок тон од страна на грчките граничари бев условувана по секоја цена да го потпишам документот, што на крајот морав да го сторам, вели пејачката Спасовска во писмото.

Според неа, причина за ваквиот потег на Грците било тоа што таа во јули годинава настапила и пеела на Првиот семакедонски собир што се одржа во Воденско, Егејска Македонија.

– На 15 јули 2013 година, бев поканета од Македонците во воденскиот крај да настапам на Првиот семакедонски собир со мој репертоар на нивната манифестација, која од се срце ја прифатив, а на која учествуваа и повеќе културно-уметнички друштва кои го негуваат македонскиот фолклор. Пред настапот организаторот беше предупреден од грчки групи дека би било подобро да се откаже мојот настап со македонски песни. И покрај ова условување музичката програма започна, но дојде до прекин на снабдувањето со електрична енергија со цел концертот да не продолжи. На инсистирање на бројната македонска публика концертот сепак продолжи и заврши без никакви понатамошни проблеми, појаснува Спасовска истакнувајќи дека во нејзината досегашна кариера која трае триесет години никогаш не и се случил ваков инцидент од ниту една гранична служба низ светот.

Со оваа реакција, додава Спасовска, сакам да упатам сериозна критика до грчките власти, кои политичките проблеми со Република Македонија ги пренесуваат на македонските уметници, музичари и културни работници.

– Како што можат грчките музичари, вокални интерпретатори и групи слободно да настапуваат во Македонија, да свират и пеат грчка традиционална музика, а притоа нашите медиуми да им посветуваат внимание и да ги промовираат на своите програми, очекуваме и ние, естрадните уметници од Македонија, да бидеме третирани на ист начин во Грција. Освен својата професија – музиката, естрадните уметници немаат друга дејност, ниту сакаат да бидат дел од политички игри. Апелирам во иднина вакви проблеми да не се повторуваат, со цел македонските естрадни уметници слободно да настапуваат пред својата публика, која ја сака македонската песна насекаде во светот, вели во писмото до медиумите познатата македонска пеачка Сузана Спасовска.

Би можело да ве интересира

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до договорот за промена на името

Орце Костов

Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано, нова порака од Грција

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска