Фленкештајн: СДСМ даде многу тешки концесии за договорот

Од:

Потпретседателот на европските социјалдемократи (СиД), Кнут Фленкештајн, денеска го поздрави договорот меѓу политичките партии во Скопје што беше постигнат вчера во раните утрински часови, јави дописникот на МИА од Брисел.

Германскиот европратеник и честиташе на СДСМ за договорот и за тоа што, според него, сестринската партија на европските социјалдемократи од Македонија дала многу тешки концесии за договорот.

– Сакам да го пофалам духот на компромисот што беше прикажан од страна на сите учесници во последната рунда од преговорите и кои ги ставија интересите на Македонија пред партиските и личните интереси. Ова е во европски дух и е од суштинско значење за напредокот на земјата кон ЕУ. И честитам на сестринската партија СДСМ, што даде многу тешки концесии и што го потпиша договорот, што претставува значаен чекор во напредокот на земјата кон Унијата, порача Фленкештајн.

Според информациите од таборот на европските социјалисти и демократи, оваа група ќе подготвува програма на СДСМ со која партијата на Зоран Заев ќе настапи на изборите во април 2016 година.

Би можело да ве интересира

Русија би можела да остане без банани

А1он

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Војната во Украина ќе предизвика криза со снабдувањето на млеко, предупреди Ковачевски

Орце Костов

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

Орце Костов

Започна лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска