Флекенштајн: ВМРО-ДПМНЕ го помина Рубикон, помина времето за разговори

Од:

Остра реакција од пратеникот на германските Социјалдемократи во Европскиот парламент Кнут Флекенштајн по нападот во македонското Собрание. ЕУ мора да преземе одлучна акција, пренесува Дојче веле на македонски јазик.

ЕУ веќе утре мора да преземе мерки по она што се случи во Македонија, вели за ДВ германскиот европратеник Кнут Флекенштајн по насилничкиот упад во Собранието и нападите врз пратениците на парламентарното мнозинство од страна на демонстрантите.

„ВМРО-ДПМНЕ го премина Рубикон. Заврши времето за убави зборови. ЕУ ќе мора да преземе мерки. За тоа ќе разговараме утре“, вели Флекенштајн за ДВ. Според него, веќе нема што да се чека.
Пратеникот во германскиот Бундестаг, Јосип Јуратовиќ претходно на Твитер ги праша Европската народна партија и германските конзервативни сестрински партии ЦДУ и ЦСУ, „ до кога ќе ги поддржуваат Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ?“.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги