Физички нападнато обезбедувањето на ГОБ „8-ми Септември“

Од:

Обезбедувањето во Градската општа болница „8-ми Септември“ вчера во 13:40 часот било физички нападнато од повеќе лица.

Како што соопшти МВР, обезбедувањето на болницата било нападнато од повеќе лица кои биле со две возила, од кои едното „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, по што избегале.

Полицијата по кратко време го запрела возилото „БМВ“ на подрачјето на полициска станица Бит Пазар, при што е приведен М.Р. (27) од скопското село Батинци. Другите две лица со непознато возило избегале.

Во ГОБ „8-ми Септември“ лекарска помош побарале лицата А.Л. (30), Е.К. (27), С.А. и А.Л., сите вработени во агенција за обезбедување. МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он