Физички нападнат 27-годишен маж во населбата Колонија

Од:

Две непознати лица вчера физички го нападнале И.В.(27) од скопското село Трубарево во паркот во населбата Колонија. Непознатите го удирале со тупаници и со тврд предмет во пределот на телото.

Како што соопшти МВР, И.В. побарал лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде од лекар му биле констатирани телесни повреди.

Оштетениот изутринава во 00:40 часот го пријавил случајот во Секторот за внатрешни работи Скопје.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски