Финска со поддршка за Македонија

Од:

Финска дава поддршка на процесот на проширувањето и вклучувањето на Република Македонија во ЕУ, кажа финскиот претседател Саули Ниинисто на средбата со премиерот Никола Груевски во Хелсинки.

Груевски по средбата изјави дека во разговорите со Ниинисто, станало збор за билатералните односи, аспирациите на Македонија за членство во ЕУ и во НАТО и спорот за името кој ги попречува овие процеси.

„Она што го потенциравме беше дека предолг период веќе Македонија има заслужено и е подготвена за членство во ЕУ и дека неправедно е оставена и понатаму да чека поради противењето на Грција и блокадите што таа ни ги прави. Ги изнесов сите детали околу тоа дека уште од 2009 година имаме добиено позитивно мислење и препорака за почеток на преговорите од ЕК и дека три години по ред, практично, се одложува почетокот на преговорите поради противењето на Грција кое е неразумно и неразбирливо и не е во европски дух“, рече Груевски.

Груевски кажа и дека во декември минатата година Македонија го доби судскиот спор пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, како и дека се надева дека работите ќе добијат поинаков тек по изборите во Грција.

„Останува да видиме таму што ќе се случи“, рече Груевски.

На средбата во хелсинки било разговарано за инвестициските можности што ги нуди Република Македонија во однос на правење бизнис, ниските трошоци за водење бизнис, најниските даноци во Европа и сите други предности што земјата им ги нуди на инвеститорите што е, вели, и главната цел за посетата на Хелсинки.

Во Хелсинки Македонија ќе се претстави на бизнис-форумот, пред група инвеститори од Финска кои покажале интерес да дојдат на оваа презентација.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата