Финансова полиција: Бизнисмен заработи кривична за затајување данок од 73.000 евра

Од:

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Охрид поднесе кривична пријава против едно физичко и едно правно лице поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело даночно затајување.

Прворијавениот во својство на сопственик, управител и овластено лице на банкарските сметки на второпријавениот правен субјект Друштво за градежништво, проектирање, консалтинг и надзор Е КОНСТУКЦИОН ЕМ ДООЕЛ увоз-извоз Охрид, во периодот 2019-2020 година, со намера да се стекнe со противправна имотна корист за себе и правниот субјект, во поднесениот Даночен биланс за оданочување на добивка за 2019 година не пријавил приход во износ од 21.962.859 денари и не пријавил остварена добивка во износ од 20.310.211 денари, со што одбегнал да плати Данок на добивка по пресметковна стапка од 10% во износ од 2.031.032 денари и дополнително, со намера да се стекне со противправна имотна корист од банкарските сметки на правнотo лице извршил пренос на парични средства во вкупен износ од 22.085.000 денари на свои лични банкарски сметки, без притоа да има економска оправданост за истите, без да обезбеди соодветна документација со која би се оправдале префрлените парични средства во сметководството на правниот субјект, а тие парични средства истиот или наредниот ден по префрлањето ги подигал во готово, односно противправно ги присвоил лично за себе и не пресметал и не уплатил Персонален данок од доход по пресметковна стапка од 11,11% во износ од 2.453.643 денари.

На тој начин, пријавените предизвикале штета на Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 4.484.675 денари по основ на Данок на добивка и Персонален данок на доход.

Би можело да ве интересира

Кривични пријави против пет физички и едно правно лице од Битола

Акција на Финансовата полиција и МВР во Битола, има уапсени

Финансиската полиција поднесе кривични пријава против претседател на Управен одбор и три службени лица

Управата за финансиска полиција со кривична против две физички и две правни лица за даночно затајување и фалсификување деловни книги

Ана Ололовска

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко и едно правно лице за даночно затајување

Ана Ололовска

Финансиска поднесе кривични против три лица и фирма, предизвикале штета на Управата за водење матични книги

Ана Ололовска