А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Финансиски криминал со затајување данок од 280 илјади евра во Гостивар

by А1он23/04/2015 - 10:2081
Share0

Со финансиски криминал од 280.000 евра е оштетен државниот буџет од страна на лицето Ш.Ц од Гостивар со малверзации при продажба на недвижен имот поранешна сопственост на фирмата Жито Шар од Гостивар.

Следете a1on на Instagram Instagram

По добиено оперативно сознание за сторен криминал, финансиската полиција на територијата на општина Гостивар презеде предистражни дејствија со цел откривање и документирање на сомнението за сторен финансиски криминал. Во текот на истрагата, соопшти денеска финансиската полиција, утврдено е дека осомничениот Ш.Ц, инаку управител и овластен потписник на банкарската сметка на фирмата „КАНМА ТРЕЈД ДОО – Гостивар, со цел да се стекне со противправна имотна корист, затаил 280.000 евра данок.

Ш.Ц како управител, иако бил обврзан со закон да поднесе соодветни пресметки до надлежните институции за остварените приходи во текот на 2014 година од продажба на недвижен имот, тој не поднел аконтативни пријави за данок на додадена вредност до Управата за Јавни приходи, не поднел Завршна сметка за 2014 година до Централниот регистар, а за неоправдано подигнатите парични средства од жиро сметките на второпријавеното правно лице до Управата за Јавни приходи не поднел Годишен извештај на исплатувачот на приходи.

Првопријавениот Ш.Ц на крајот на 2014 и почетокот на 2015 година на нотар во Гостивар склучил три договори за купопродажба на деловен простор со две фирми од Гостивар и едно физичко лице, во кои договори како продавач се јавува второпријавеното правно лице „КАНМА ТРЕЈД“ ДОО Гостивар. По склучените договори за купопродажба, пријавениот на трите купувачи им издал фактури со содржан износ на данок на додадена вредност кој согласно закон бил должен да го уплати во Управата за јавни приходи. Веднаш по трансферот на парите од купувачите, Ш.Ц наместо да го плати ДДВ-то, тој парите заедно со износот за ДДВ дел ги подигнал во кеш а дел ги пренасочил на други сметки и ги користел за свои лични потреби.

Следете a1on на Youtube YouTube
mvr

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски27/10/2026 - 13:46

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Катерина Ѓуровски22/10/2026 - 10:07

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он19/10/2026 - 20:56

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Горан Наумовски18/10/2026 - 13:33

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски16/10/2026 - 13:4416/10/2026 - 16:27

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

Катерина Ѓуровски16/10/2026 - 12:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео