Финансиската полиција поднесе кривични пријава против претседател на Управен одбор и три службени лица

Од:

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кичево поднела кривична пријава против едно физичко лице во својство на претседател на Управен одбор на правен субјект за сторено кривично дело измама и три службени лица за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

– Во текот на 2021 година во судска постапка пред Апелационен суд во Гостивар со намера да се стекне со противправна имотна корист првопријавеното физичко лице лажно прикажал факти, односно второпријавениот, третопријавениот во својство на овластени ветеринари и четвртопријавениот во својство на в.д директор на Јавно претпријатие со искористување на своите службени положби прибавиле противправна имотна корист за првопријавениот на начин што во два записници од Агенција за храна и ветеринарство на Р.С.Македонија и еден Записникот од Јавно претпријатие, внеле невистинити податоци и истите ги овериле со свој печат и потпис, а првопријавениот ги употребил во судска постапка и по основ на штета, се здобил со противправна имотна корист од 5.905.636,00 денари на штета на Буџетот на Република Северна Македонија, појаснуваат од Управата за финансиска полиција.

Би можело да ве интересира

Кривични пријави против пет физички и едно правно лице од Битола

Акција на Финансовата полиција и МВР во Битола, има уапсени

Управата за финансиска полиција со кривична против две физички и две правни лица за даночно затајување и фалсификување деловни книги

Ана Ололовска

Финансова полиција: Бизнисмен заработи кривична за затајување данок од 73.000 евра

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко и едно правно лице за даночно затајување

Ана Ололовска

Финансиска поднесе кривични против три лица и фирма, предизвикале штета на Управата за водење матични книги

Ана Ололовска