Филков: Не планирам да се повлечам од министерската функција, ниту да се кандидирам за градоначалник на Карпош

Од:

Министерот за правда Игор Филков денеска во изјава за медиумите истакна дека не планира да се повлече од министерската функција, ниту да се кандидира за градоначалник на Општина Карпош.

– Апсолутно не. Како ќе се приближуваме кон локалните избори, нашиот фолклор ќе биде уште поинтересен. Ниту планирам да се повлечам од оваа функција, планирам да продолжувам со реформите. Ниту планирам да се кандидирам за градоначалник на Општина Карпош, рече министерот за правда.

Филков нагласи дека односите во владината коалиција се одлични.

– Би се задржал само на овие коментари коишто се дел од демократијата. Верувам дека и во иднина ќе следуваат уште многу, како што ќе се приближуваме кон предизборието. А односите во коалицијата се одлични, подобри и не можат да бидат, потенцира Филков.

Би можело да ве интересира

Како што се договоривме така и постапивме како владина коалиција на овие избори, објаснуваат од ВРЕДИ

Минчев: Граѓаните го препознаа нашиот концепт на чесна, директна и народна политика

А1он

Димитриевски: Излезете масовно на гласање – Куманово заслужува континуитет, а не импровизација

А1он

ЗНАМ: Расте поддршката за Мирослав Лабудовиќ

Димитриевски најави нови паркинзи, зелени површини и детски катчиња на повеќе локации во Куманово

Димитриевски: Проблеми имало и ќе има, со посветена работа ќе ги решаваме без да застанеме

Горан Наумовски