Филков: Електронските алки не се само технолошки уреди, тие се алатка за реформа

Од:

Министерот за правда Игор Филков присуствуваше на промоција на надградениот систем за електронски надзор во тренинг центарот на КПД Идризово.

Овој процес кој е резултат на сериозна работа и посветеност на Министерството за правда, Управата за извршување на санкциите и поддршката од нашите партнери, претставува чекор напред во реализацијата на европските стандарди за извршување на казните и унапредување на човековите права.

„Електронските алки не се само технолошки уреди – тие се алатка за реформа. Тие се симбол на една нова, современа пробациска политика. Преку нивното користење, овозможуваме: Алтернатива на затворот, намалување на пренатрупаноста во казнено-поправните установи, подобра ресоцијализација и поголема безбедност за граѓаните. Ова не е само техничка надградба – тоа е јасна определба дека правдата може да се спроведува со достоинство и почитување на човековите права”, истакна министерот Филков.

Дополнително, со новиот Закон за пробација, чиј предлог е веќе подготвен во Министерството за правда, многу скоро ќе биде објавен на ЕНЕР, воспоставуваме правна рамка која овозможува поширока примена на куќен притвор, условен отпуст и ресторативна правда, сето тоа под буден, но хуман надзор.

„Со тоа, ги охрабруваме надлежните да пристапат кон пробацијата многу похрабро за во иднина заеднички да ја отстраниме црната дамка која што беше фрлена досега на изречените мерки- куќен притвор. Довербата и сигурноста во системот мораме да ги вратиме. Ќе продолжиме да работиме на реформи кои носат вистинска промена, и ќе изградиме правосудство кое е достапно, правично и во служба на граѓаните” порача Филков.

Би можело да ве интересира

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Не е во ред министерот за правда да го прозива по има обвинителот, вели претседателот на Советот на јавни обвинители

Филков: Итно да се провери дали има одговорност кај судијата и обвинителот кои му одредија куќен притвор на Артан Груби

Горан Наумовски

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

Филков до Сали за барањето студентите да полагаат правосуден испит на албански јазик: Државата не функционира по принцип на лична проценка

А1он

Филков: Нема толеранција за злоупотреби – институциите ќе реагираат

Горан Наумовски