Филиповска: Со Боки бевме тргнати на одмор за Миконос кога го уапсија

Од:

Заврши сведочењето на водителката Лила Филиповска за случајот „Рекет“. Обвинителката ја праша за нивните луксузни одмори, а таа одговори дека Боки во еден наврат бил во грчки ресорт со некои девојки, а таа и Сергеј Варошлија дошле само на еден ден.

Дента кога бил уапсен Бојан Јовановски, Филиповска била заедно со него и со новинарката Анета Кочишки.

„Бевме тргнати на Миконос. Но, ете одморот не се реализираше“, кажа Филиповска.

На прашањето кој го платил овој одмор, таа рече дека не знае, бидејќи се уште не биле ни пристигнати.

„Јас секогаш носам пари со мене, и ако требаше да се плати одморот, ќе си го платев. Не чекам друг да ми плаќа нешто“, рече водителката.

Судењето е се уште во тек, во моментов сведочи лицето кое ја продало скапата гарнитура, која завршила во домот на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева.

Би можело да ве интересира

Тодоровиќ не се појави да сведочи, судењето за „Рекет“ одложено за утре

А1он

Тодоровиќ ќе сведочи во „Рекет”

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Русковска: Двете аудио снимки на Антонио Милошоски се дадени на вештачење

Мери Јордановска

Судијката од „Рекет“: Досега сум немала никакви притисоци за предметот

Мери Јордановска

Јовановски: Ако кажам дека Ременски е крива за Меѓународниот сојуз, ќе ме пуштите ли?

Мери Јордановска

Адвокатот Димишков на „Рекет“: Камчеви ме бараа за адвокат само поради мојата сестра судијка

Мери Јордановска