Филипова: Јас сум човек од и за народот

Од:

„Нашето Неготино има услови за развој, тоа еград на горди македонци, но и град кој е тажен, полн со несреќни луѓе.На градот му требаат промени, и крајно време е СДСМ да го предводи Неготино“, рече вечерва на митингот, Силвана Филипова, кандидат на СДСМ за градоначалник на Неготино.

Луѓето живеат во сиромаштија и невработеност. Индустријата умира. А малкуте вработени се по партиска линија, рече Филипова.

Неготино, вели, замре, стои во место. Праша ако владата исплаќа субвенции, зошто не се исплати грозјето.

„Ова е град каде цистерните вода се секојдневие. На 350 милиони евра се даваат за споменици во Скопје, а а во Неготино нема вода. Водата од времето на СДСМ тројно поскапе, од 6 сега е 18 денари“, рече Филипова.

Укажа, нема улично осветлување и Неготино, затоа го нарекуваат „зона на самракот“.

Неготино, потсети е една голем а депонија. Нема доктори, нема гинеколошко одделение, и затоа не се раѓаат деца во општината.

Вети гасификација, изградба на канализациона мрежа во село Дуброво, изградба на улици и тротоари,изградба на патот Неготино-село Криволак, улици во руралните места.

„Јас сум човек од и за народот“, рече кандидатот за градоначалник, Силвана Филипова.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски