Филипче: Владата прво си потпишува договор, а после ќе не информира за камати и трошоци

Од:

„Да се задолжи земјата шест милијарди евра и да не се каже кои се условите за заемот, колкава е каматата, кои се роковите е ненормално “, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче на синоќешната средба со членството во Гостивар.

„ Владата прво си потпишува договор, а после ќе не информира за камати и трошоци и сето тоа се крие со еден стратешки договор со Велика Британија. Ја слушав министерката за финансии она кажува британски фирми ќе работат па се збуни кажа после Закон за јавни набавки, ние проверивме не е така“, рече Филипче.

Филипче оценува дека целиот овој процес ја одалечува државата од патот кон Европска унија.

“Се позајмуваме огромни суми на пари, а притоа е закочен процесот на интеграција во ЕУ. За вакви проекти како што најавуваат тоа е пругата ЕУ дава грантови. Зошто ваков заем со кој ќе задолжиме следни генерации, кога можеме да добиваме грантови и далеку поповолни услови“, праша Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме